[ВИДЕО] Модриќ со солзи на очите "удри" по судиите: Каде најде осум минути? Ова е сурово!

Точка

25/06/2024

11:41

2.290

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ тешко се помири со многу веројатното испаѓање од ЕП.

Лука Модриќ промаши пенал против Италија, но тој во никој случај не е трагичната фигура на тој меч. Во продолжението од акцијата постигна гол, излезе во 80. минута и од клупата гледаше како Матија Закањи ја исфрли Хрватска од ЕП! По натпреварот беше многу депресивен, го видовме со солзи во очите и со длабока воздишка како зборува за тоа колку фудбалот понекогаш е суров.

„Не знам што да ви кажам навистина. Фудбалот понекогаш е суров и тоа се покажа со нас денеска, но добро, што е, тука е. Не го заслуживме овој гол, не знам каде судијата најде осум минути за да продолжение, но ако треба да паднеш и да изгубиш, тоа е како нас денес, знам дека не е утеха, но фудбалот е суров и се покажа со нас“, изјави Модриќ веднаш по натпреварот.

Тој истакна дека навивачите биле одлични и дека секогаш се со тимот. „Не се ни сомневавме, знаевме дека навивачите се секогаш зад нас. Без разлика дали губиме или победуваме, тие се секогаш зад нас. Жалиме што победивме за да одиме во втор круг, но што е тука е.“

Новинарот го потсети дека теоретски Хрватска може да продолжи понатаму.

„Теоретски, но тешко, нам никогаш ништо не ни се поклопило. Прветходниот натпревар примивме во 95-та, овој во 98-ма. Некогаш не ти е судено“, изјави Модриќ.

На прашањето дали ова му е последен натпревар во репрезентацијата, тој кратко рече: „Ќе видиме, сега не е време за тие приказни“.

Селекторот Златко Далиќ истакна дека во 80. минута го извадил Модриќ од игра затоа што искусниот играч за врска веќе бил истрошен, а на крајот истакна дека долго ќе боли ваков пораз.

„Навистина боли и сигурно ќе боли уште долго. Но, кога ќе собереме сè, понекогаш среќата ти дава, некогаш ти зема. На крајот, ни зема. Знаевме да уживаме во победите, но мораме да бидеме достоинствени и во вакви моменти. Јас сум единствениот виновник што не ја минавме групата. Им благодарам на играчите за овој месец на труд и мака“, заклучи Далиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг