„Авантурите на една турбофолк принцеза“ на ОХО продукција, освои главна награда во Шпанија

Точка

24/06/2024

20:27

1.580

Големина на фонт

а а а

Телевизиската серија во развој „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на престижниот Conecta во Толедо, Шпанија, интернационален маркет за креирање, развој, продуцирање и финансирање на телевизиски содржини.

По одличната презентација на „Авантурите на една турбофолк принцеза“ проектот влезе во претселекција за наградата меѓу триесетина серии во развој и беше издвоен како најдобар од страна на интернационалното жири.
На доделувањето на наградите, претседателката на жирито го оцени проектот како уникатен во својот концепт, храбар во својата тематика и гласен застапник на маргинализираните групи.



Наградата беше доделена од Советот на Европа, а се состои од 50.000 евра за развој на серијата чии автори се Андреј Волкашин и Петар В’лчев, а е во продукција на ОХО. Серијата ја раскажува социјалната и емотивната приказна за младата девојка Васка чија животна желба да стане турбофолк пејачка, ќе ја охрабри да замине од родното место, а по запознавањето со бунтовната Ебони ќе ги вкуси сите сакани и несакани животни искуства.



Овој телевизиски проект, кој се развива во изминативе 2 години, веќе имаше едно успешно претставување на интернационален филмски форум во Будимпешта, каде го привлече вниманието на продуценти и селектори на програми од Централна и Источна Европа. По освоената награда на CineLink на минатогодишниот Сараевски филмски фестивал, ова е втора главна награда за овој проект на ОХО продукција.


Серијата е копродукција меѓу Македонија и Бугарија, а во план е да започне со снимање во првата половина на 2025 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг