Илон Маск добил дете во тајност, славниот милијардер сега е татко на 11 деца

Точка

24/06/2024

10:12

7.062

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Илон Маск добил уште едно дете во тајност. Како што наведуваат странските медиуми, милијардерот наводно го добил своето трето дете со вработената во „Neuralink“, Шивон Зилис.

Сè уште не се познати името и полот на бебето. Маск моментално има 11 деца. Милијардерот и 38-годишната Зилис ги имаат близнаците Страјдер и Азур, кои се родени во ноември 2021 година.


Бебињата пристигнаа само еден месец пред раѓањето на ќерката Екса Дарк Сидерел, наречена Y, која Маск и пејачката Грајмс ја добија со помош на сурогат мајка. Маск со Грајмс ги има и синовите Техно Механикус и X Æ A-Xii.


Тој во 2004 година ги доби близнаците Грифин и Вивијан со неговата поранешна сопруга Џастин Маск, а две години подоцна стана татко и на тројката Каи, Саксон и Демијан.


Синот Невада, кој е роден во 2002 година, починал кратко по раѓањето поради синдром на ненадејна смрт на доенчиња. „Мојот првороден син почина во моите раце. Го почувствував неговото чукање на срцето“, изјави претходно Маск.

Милијардерот никогаш не криел дека сака големо семејство, а во 2022 година објави: „Намалувањето на наталитетот е најголемата опасност со која се соочува цивилизацијата досега“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг