Најмалку 15 полицајци и неколку цивили убиени во координирани терористички напади во Русија

Макфакс

24/06/2024

09:48

3.728

Големина на фонт

а а а

Во терористичките напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили, соопшти денеска гувернерот Сергеј Меликов за новиот биланс на нападите.

Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала. Во овие градови е воведен режим на антитерористичка операција, соопштија дагестанските власти.

„Повеќе од 15 полицајци се жртви на терористички напад“, изјави Меликов на својот Телеграм канал по резултатите од оперативниот штаб формиран по нападите во Дербент и Махачкала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг