Пронајден бродолом стар 3.000 години: Откритието ќе ја промени историјата, а ги крие овие интересни предмети

Точка

22/06/2024

13:00

2.623

Големина на фонт

а а а

Извршена е операција за извлекување на дел од предметите, кои наскоро ќе бидат претставени во јавноста.

Брод стар повеќе од 3.000 години со недопрен товар е пронајден во близина на северниот брег на Израел, а предметите од мистериозниот брод наскоро ќе и бидат откриени на јавноста.

Остатоците од бродот и делови од неговиот товар, на длабочина од околу два километри, на дното на Средоземното Море, ги откри компанијата „Energеan“, која оперира во близина на Израел.

Истражувањето на компанијата откри брод со стотици амфори, бокали со двојни рачки кои се користеле за складирање на стока како вино или маслиново масло за време на бронзеното доба.

„Изгледа дека бродот потонал поради бура или пиратски напад – што било вообичаена работа во доцното бронзено време“, изјавил Џејкоб Шарвит, шеф на поморската единица на израелската управа за антиквитети.

Потонатиот брод бил пронајден минатата година на 90 километри од брегот на северен Израел, а официјалните лица проценија дека датира од 14 или 13 век п.н.е.

Бродот датира од времето кога поморската трговија почнала да цвета за време на бронзеното време.

Тимот на "Energean" кој го истражувал морето пронашол бројни бокали натрупани на морското дно, изјави Карнит Бахартан, директор на Организацијата за животна средина.

„Кога им ги испративме (на властите за антиквитети) сликите, се покажа дека е сензационално откритие, многу повеќе од тоа што можевме да го замислиме“, изјавил Бахартан.

Шарвит додал дека локацијата на откритието открива дека древните морнари можеле да се движат без да видат крајбрежје, веројатно користејќи ја позицијата на ѕвездите и Сонцето.

„Ова е откритие од светска класа што ја менува историјата“, нагласил Бахартан.

„Energean“ изврши операција за извлекување на дел од предметите, кои наскоро ќе биде претставена во јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг