Осудена 95-годишна „наци-баба“ од Германија: Го негирала холокаустот, рекла дека Аушвиц бил работен логор

Точка

27/06/2024

11:39

6.676

Големина на фонт

а а а

Судот во Хамбург ја осудил 95-годишната жена на затворска казна од една и пол година поради постојано негирање на Холокаустот. Обвинението против Урсула Хавербек, старица позната како наци-баба, е резултат на нејзината изјава од 2015-та година во текот на судењето на поранешниот нацистички припадник Оскар Груниг кој во Аушвиц служел како стражар.

Хавербек тогаш на новинарите им кажала дека Аушвиц, во кој според проценките на историчарите нацистите убиле најмалку 1,1 милиони луѓе, во главно Евреи, бил работен логор, а не логор за истребување. Судот во Хамбург ја казнил со една година и четири месеци затвор, а четири месеци ќе се сметаат за отслужени поради долгиот застој во нејзината судска постапка.


Прва пат е казнета пред 20 години

Исто така, пресудата не е конечна бидејќи постои можност за жалба. Хавербек во 2015-та година на окружниот суд првобитно била осудена на 10 месеци затвор. Поднела жалба на таа пресуда, но судењето почнало девет години подоцна.


Судовите со години се занимаваат со нејзините изјави во кои го негира Холокаустот, најголемото страдање на Евреи во историјата. Екстремистката прв пат поради своите изјави била казнета во 2004-та година, и тоа со парична казна.


Поради демантирање на Холокаустот во затвор минала повеќе од две години. Берлинскиот суд потоа во 2022-ра година ја осудил на едногодишна затворска казна поради поттикнување на омраза. Таа казна сè уште не ја отслужила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг