[ВИДЕО] Скопје повторно го зафати силно невреме: Олуен ветер и пороен дожд го погодија главниот град

Точка

27/06/2024

18:41

10.228

Големина на фонт

а а а

Олуен ветер проследен со силен дожд и грмежи го зафатија Скопје повторно попладнево.

Како што најавија синоптичарите, до крајот на денот ќе има нестабилност низ државата. Вчера во невремето најпогодени беа Скопје, Тетово и Куманово. 

Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг