Англија освои бод против Данска

Макфакс

20/06/2024

21:13

2.004

Големина на фонт

а а а

Репрезентациите на Данска и Англија ремизираа во натпреварот од второто коло од групата Ц на Европското првенство во Германија. Натпреварот во Франкфурт заврши 1:1 (1:1).

Антглија, слично како и против Србија одигра лош натпревар, без јасна идеја во играта, но за разлика од првото коло не успеа да победи.

Хари Кејн го постигна првиот гол на мечот во 18.минита. На голот му претходеше лоша реакција на Кристенсен, Вокер му ја украде топката, нафрли, Сака малку ја допре топката која дојде до Кејн.

Изаедначи Мортен Хјулманд со спектакуларен гол во 34. минута.

Англичаните и понатаму се лидери во групата Ц и имаат четири бода, Данска и Словенија имаат по два бода, а Србија еден.

Англија со нерешениот резултат прптив Данска зачекори во осминафиналето. Во последното коло, во понеделник од 21 часот ќе играат Данска и Србија, односно Англија и Словенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг