Скандалозно однесување на турист во луксузен хотел: Видеото го погледнале 50 милиони луѓе

Точка

20/06/2024

17:20

5.192

Големина на фонт

а а а

Приложеното видео има повеќе од 50 милиони прегледи и покажува дека некои луѓе едноставно не знаат како да се однесуваат.

Се верува дека е снимено во хотел со пет ѕвезди во туристичкиот центар на Бали, Нуса Дуа.

На почетокот гледаме метален сад со вода, украсен со црвени цвеќиња. Тогаш се слуша како некој вели: „Добро, внеси ја главата“.

Млад човек ја спушта главата во водата, по што чинијата се превртува и настанува хаос во хотелот. Видеото предизвика гнев кај бројните корисници кои оставија околу 32.000 коментари.

@milzo09 Who let Max and @Kate Woodland830 go to a posh resort? Sorry #apurvakempinskibali….. #fyp #fypage #foryou #fail #failsoftiktok #failed #epicfail #funnyfailsoftiktok #funny #jokes #bali #travel #faceplant #tourism ♬ original sound - Milzo

„Доаѓаш на Бали, но не го носиш мозокот? Зошто треба да уништите сè во туѓа земја?

„Парите не можат да ти купат мозок“, додава друг.

Апсолутно прекрасно, многу внимателно и културно однесување“, напишал трет.

Од друга страна имало и такви кои застанале во одбрана на британскиот турист, пренесува "New York Post".

„Луѓе, тоа е само сад со вода и цвеќиња. Ништо не е уништено, се ќе биде во ред. Само треба да каже дека му е жал“, гласи една од пораките.

Останува нејасно што се случило по превртувањето на садот или дали туристите му помогнале на персоналот на хотелот да го исчисти нередот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг