Има ли нешто што Кинезите не можат да го оживеат?

Точка

20/06/2024

15:05

7.589

Големина на фонт

а а а

„Land Rover Freelander compact SUV“ е отсутен од „JLR“ каталогот од 2015-та година, но сега се враќа на голема врата.

Кинеските модели ќе го носат ова име, а ќе се прави во соработка меѓу „Jaguar Land Rover“ и марката „Chery“, а постојат планови дека се нудат и глобално.

„Freelander“, всушност, ќе биде името на целосно новиот бренд, а целта, како што е наведено во заедничкото соопштение „ќе направи независна марка за напредни електрични возила“, одвоена од брендовите „Chery“ и „JLR“.


Овие модели, се истакнува, ќе бидат конкурентни со цените, а во нивната изработка ќе учествуваат дизајнери од двете компании. Не е сосема јасно дека ќе се прават само „SUV‘ возила или и некои од другиот сегмент.

Новите „Freelander“ возила ќе бидат правени во градот Чангшу на истокот на Кина, во веќе постоечката фабриката „CJLR“, каде моментално се произведуваат „Land Rover Discovery Sport“, „Range Rover Evoque“ и „Jaguar E-Pace“.


Оригиналниот „Land Rover Freelander“, потсетуваме, дебитираше во 1997-ма година како компактен „SUV“ достапен со три или пет врати. „Freelander 2“ ја здогледа светлоста на денот во 2006-та година, а бил достапен се до 2015-та година, кога во ростерот го замени „Land Rover Discovery Sport“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг