Кејли Тонкинс се шетала со своето куче кога видела дека некој гледа во неа. Пришла поблиску за да види за кого станува збор и останала шокирана од глетката.
„Што правиш таму долу? Дали си ти вистинско животно“, го прашала таа минијатурното суштество во видеото на ТикТок.
Се утврдило дека збунетото животно всушност е шетландско пони. Жената била шокирана од неговата ситна градба.
„Никогаш не сум видела вака ситно животно“, рекла таа.
Кејли внимателно го извела понито од ровот, чудејќи сè што е помало од нејзиното куче. Загрижена дека понито е можеби напуштено, го однела дома за да смисли што ќе направи со него.
@kayleightonkins This mornings dog walk was eventful 😅 #abandoned #rescue #rescuehorse #shetland #shetlandpony #rescuemission ♬ original sound - Kayleigh Tonkins
„Откако го зедов, возев и тропав на вратите наоколу“, објаснила таа.
Набрзо открила дека понито, по име Томи, воопшто не е напуштено. Припаѓа на локално семејство кое го обожува. Томи некако побегнал од нивниот двор и се упатил во мала авантура, а благодарение на Кејли, среќно се вратил дома.
Инаку, шетландското пони достигнува висина од 70 до 107 центиметри, па понито кое Кејли го пронашла е класичен пример за својот вид. И покрај ситната градба, тие се многу силни животни кои можат да влечат товар двојно поголем од сопствената тежина.