Истражувањата покажуваат: Мајките кои пијат кравјо млеко во текот на доењето имаат помалку алергични деца

Точка

15/06/2024

20:46

2.638

Големина на фонт

а а а

Истражувањата покажуваат дека ризикот од алергии на храна кај бебињата се намалува доколку мајката консумира кравјо млеко за време на доењето.

Питер Лио, доцент по дерматологија и педијатрија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Нортвестерн, вели дека ова е првиот чекор во дефинирањето на потенцијалната врска помеѓу исхраната на мајката и ризикот од алергии, пренесува „US News“.

Лио, кој не бил вклучен во студијата, ја нарекол работата добро извршена, темелна и провокативна.


Истражувачите испитувале повеќе од 500 мајки од Шведска за нивните навики во исхраната во 34-та недела од бременоста, еден месец по породувањето и 4 месеци подоцна. Тие го верифицирале мајчиниот пријавен внес на млеко и млечни производи преку биомаркери во крвта и мајчиното млеко, а детските алергии ги потврдиле преку доктор. Децата во студијата биле претежно алергични на јајца, млеко или на двете.

Миа Стравик, доцент на Универзитетот во Гетеборг, вели дека мајките на здрави едногодишни деца консумирале повеќе кравјо млеко за време на доењето отколку мајките на алергичните деца.

„Една од теориите го застапува мислењето дека млекото во исхраната на мајката содржи супстанции кои го стимулираат имунолошкиот систем на детето. Друго мислење е дека зголемениот внес на заситени масти во млекото може природно да доведе до потрошувачка на помалку полинезаситени масти“, вели таа.


Стравик истакнува дека иако постои поврзаност, не може да се каже дека кравјото млеко што го консумира мајката е лек за алергиите кај децата.

На крајот, д-р Лио ги предупредува мајките дека сè уште не е потврдено дека само консумирањето млеко го намалува ризикот од појава на алергии. Исто така, тој навел и дека истражувањето мора да биде од поголем обем и дека тогаш податоците ќе бидат порелевантни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг