[ВИДЕО] „Метод кој ми олесни сè“: Лекар покажал трик кој брзо ќе ве опушти без таблети и ќе ви помогне да заспиете

Точка

15/06/2024

19:39

4.583

Големина на фонт

а а а

Проблемите со спиењето не се ретки. Лошиот сон може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се дијабетес и срцеви заболувања. Сепак, постојат техники со кои можете да го „измамите“ вашето тело побрзо да заспие.

Докторот Скот Волтер објави видео на својот ТикТок профил во кое открива како можете побрзо да заспиете кога мислите не ви даваат мир.

„Јас сум доктор и понекогаш имам проблеми со спиењето, па ќе ви кажам нешто за методот кој ми олесни сè“, започнал Волтер.


Тој додал дека неговиот трик не вклучува ништо како земање мелатонин, синтетичка верзија на хормонот што предизвикува поспаност или други додатоци. Исто така, не вклучува туширање со топол туш пред спиење или читање.

Тој предложил едноставна ментална вежба позната како когнитивно мешање. Станува збор за метод кој помага да се преуредат или организираат мислите. Целта е да го натерате вашиот ум да се спротивстави на свесните обрасци на мисли кои го отежнуваат заспивањето, а постојат неколку начини како да го направите тоа.


„Мислам на случајни зборови на предмети кои немаат никаква врска едни со други, на пример крава, лист, сендвич... Повторувајте ги во мислите додека не заспиете“, советува докторот.

Волтер тврди дека оваа техника функционира бидејќи не само што го држи вашиот мозок зафатен, туку и ги симулира микросоништата што ги доживуваме кога заспиваме. Значи, кога ќе го започнете ова, му сигнализирате на вашиот мозок дека е „безбедно“ да заспиете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг