Ова е најгледаната серија во САД: Со 19 милиони гледачи по епизода го сруши рекордот на „Desperate Housewives“

Точка

15/06/2024

19:05

4.173

Големина на фонт

а а а

Неодамна беше објавена листа на најгледани ТВ содржини во САД, а интересно е што најгледана серија е остварување за кое ретко кој слушнал надвор од оваа земја. Станува збор за серијата „Tracker“ која имала дури 19 милиони гледачи по епизода.

ТВ публиката во Соединетите Американски Држави оваа сезона наголемо ја следела „Tracker“. Новата драма на CBS во која главната улога ја толкува Џастин Хартли била најгледаната забавна серија во ТВ-сезоната 2023-2024 година.

Според мрежата „Eye“, ова е првпат ТВ серија во првата сезона да биде рангирана како број еден емисија откако „Survivor“ бил премиерно прикажан како инстант феномен во 2000 година.

Станува збор за акциска серија создадена од Бен Х. Винтерс врз основа на романот „The Never Game“ од 2019 година на Џефри Дивер. Во серијата глуми Џастин Хартли како Колтер Шо, вешт експерт за преживување и трагач кој заработува за живот помагајќи им на полицијата и граѓаните во замена за парична награда. На Хартли му се придружуваат главните актери Робин Вајгерт, Аби Мекенани, Ерик Грејс и Фиона Рене.


На „Tracker“ му помогна и неговата премиера во февруари по Суперболот, што му донесе голем скок во гледаноста. Според CBS, „Tracker“ е најгледаната нова серија по „Desperate Housewives“ во ТВ-сезоната 2004-05. За своите први седум епизоди, серијата имала просечно 19 милиони гледачи на повеќе платформи за време на емитувањето и преносот во период од 35 дена.

Втората сезона беше најавена во март 2024 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг