[ВИДЕО] Зад насмевката се крие горчлива судбина – Келнерот од Ниш кој го воодушеви регионот: … „Поради неа станав келнер“

Точка

14/06/2024

23:17

10.136

Големина на фонт

а а а

Младиот келнер од Ниш, Душан Ѓорѓевиќ, го воодушеви регионот откако патувачкиот блогер Кристијан Иличиќ објави видео со каков ентузијазам и енергија тој ги послужува гостите на своето работно место.

Вредното момче доби многу симпатии од корисниците на социјалните мрежи и сите се согласија дека треба да добие добар бакшиш од Иличиќ и неговите пријатели. Кратко по објавеното видео на Иличиќ, регионалните медиуми ја пренесоа животната приказна на Душан кој работи во хотелот „Наис“, во Ниш.


Во разговор со „Индекс.хр“, 23-годишниот Душан открива дека животот не го разгалил, тој останал без мајка и израснал во скромни услови кај баба му која го одгледала. Токму поради неа, за да ѝ помогне, почнал да работи како келнер.

„Работам 4 години како келнер, 2 месеци работам во хотел. Пораснав во скромни услови. По смртта на мајка ми останав кај баба ми на која сум неизмерно благодарен. Почнав да работам како келнер за да ѝ помогнам на баба ми, за да ѝ олеснам. Работев во помали ресторани, а после тоа имав можност да напредувам во работата. Ја прифатив поканата од хотелот и со задоволство одговорив на неа. Иако сето тоа е нешто ново за мене, колегите се трудат да ме водат за да може повеќе да напредувам“, објаснил тој за „Индекс.хр“.



Насмевката со која го воодушеви Иличиќ и корисниците на социјалните мрежи, вели дека е карактеристична за него бидејќи со неа храбро чекори низ животот.


„Секогаш гледам на сè од позитивната страна, вклучително и на работата што ја работам. Насмевката е моето мото. Научив дека сè во животот е онака како што гледаш, ако се жалиш и постојано си незадоволен, таков ти е целиот живот Секако, има простор да се подобрат условите во угостителството, но дали е сè така црно? Се разбира дека не е така“, рекол Душан.

Во угостителството, тој ужива во комуникацијата со луѓето и стекнувањето нови пријатели. Она што најмногу го мрази, признава, е полирање на приборот за јадење.


Инаку, Душан вели дека веднаш го препознал патувачкиот блогер Кристијан Иличиќ на свадбената маса, што му претставува големо задоволство.

„Затоа ја сакам мојата работа, како што напомнав, вака добивам можност да запознам луѓе чија работа ја следам и почитувам. Тимот ме испочитува, му благодарам на Кристијан за сè“, рекол тој.


Награда добил и од хотелот во кој работи.

„Секако дека и ме наградија, го видоа потенцијалот во мене, би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на управата на хотелот за довербата“, додал тој.


На крајот, Душан на своите колеги-келнери им порачал дека насмевката е неопходна во нивната работа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг