[ВИДЕО] Шест нови линии од македонските аеродроми од пролет: Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид до Базел и Истанбул

Макфакс

25/10/2024

14:28

3.072

Големина на фонт

а а а

Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус. Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избарни се согласно јавниот повик за финансиска подршка за нови дестинаци, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес-конференција.

На јавниот повик понуди доставиле три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно јавниот повик финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

Повикот што го распишавме веќе ги дава првите резултати, истакна министерот Николоски и додаде:

„Со гордост можам да кажам дека од 30 март 2025 година авио превозникот Флај Дубаи ја отвора линијата Скопје – Дубаи- Скопје. Исто така со гордост можам да најавам дека од 30 јуни 2025 година два пати неделно ќе се лета Скопје – Барсeлона – Скопје со што се отвора Шпанија како дестинација. Од 30 јуни, два пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација. Понатаму, од следната година три пати неделно ќе се лета Скопје – Штутгарт – Скопје со што се отвора западниот дел на Греманија. Во однос на охридскиот аеродром, два пати неделно ќе се лета Охрид – Базел Милхаус – Охрид и за мене најзначајната вест врзана за охридскиот аеродром е тоа дека Туркиш ерлајнс редовно ќе лета од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид, со што охридскиот аеродром го отвораме како дестинација за најголемиот аеродром во Европа и аеродром со најголем број на конекции”, рече Николоски.

Најави дека веќе во процес на подготовка е втор повик кој треба да се објави во следните неколку недели бидејќи има силен интерес за воспоставување на нови дестинации.

Во однос на финансиската подршка за авиокомпаниите, таа се воведува за период 2025-2027 година и изнесува 360 милиони денари или околу 5 милиони евра, а се очекува бројот на патници да се зголеми за 200 илјади на годишно ниво.