Уапсен е еден од најопасните бегалци во Европа – водачот на злогласниот српски клан

Точка

25/10/2024

21:19

1.026

Големина на фонт

а а а

Шпанската национална полиција („Policía Nacional“) во соработка со Европол и уште шест европски партнери уапси двајца високи членови на озлогласениот српски „врачарски клан“, со што е разбиена клучната фракција на оваа група.

Водачот на кланот беше уапсен во Барселона на 18 октомври, а потоа и неговата десна рака на 22 октомври. И двајцата се бараа поради обвиненија за убиство, обид за убиство и киднапирање во Србија, Австрија, Германија и Шпанија. Водачот на кланот важеше за еден од најбараните и најопасни бегалци во Европа.

„На 18 октомври во Барселона беше уапсен лидерот на српскиот клан, Никола Вушовиќ, познат по прекарот Лудиот Џони, а потоа беше приведен и неговиот човек од доверба, Никола Филиповиќ“, соопшти шпанската полиција.

Конфликт помеѓу двата кланови

„Врачарскиот клан“, огранокот на „Кавачкиот клан“ од 2014 година војува со противничкиот „Шкаљарски клан“, поради што загинаа повеќе од 60 лица. Конфликтот започна по запленувањето на големата пратка кокаин во пристаништето во Валенсија. Европол одигра клучна улога во операцијата фокусирајќи се врз развојот на разузнавачките податоци и оперативната поддршка.


Експертите од Европол соработуваа со австриските, германските и српските власти за да ја анализираат шифрираната комуникации на осомничените, што доведе до нивна идентификација, а на крајот и апсење. Како дел од овие напори, од 2021 година српските полицајци беа распоредени во Европол за да работат на остварувањето на целите.


Минатиот месец, Европол, со поддршка на Европската мрежа на тимови за активно барање на бегалци („ENFAST“), ги координираше активностите на органите за спроведување на законот од Австрија, Германија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, што на крајот доведе до апсење.

И двајцата осомничени сега се соочуваат со екстрадиција и се очекува да бидат кривично гонети за нивната вмешаност во неколку убиства од висок профил.

Во оваа истрага учествуваа следните тела:

Австрија: Криминално-разузнавачката служба на Австрија („Bundeskriminalamt“)

Босна и Херцеговина: Министерството за внатрешни работи на Република Српска

Хрватска: Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска

Германија: Федерална криминалистичка полиција („Bundeskriminalamt“)

Србија: Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за криминалистичка полиција, Служба за борба против организиран криминал и „FAST“

Шпанија: Национална полиција (Policía Nacional)

Словенија: Управа за криминалистичка полиција

Кој е Никола Вушовиќ наречен Џони од Врачар?

Обвинителството го смета Џони Вушовиќ за водач на „врачарците“, а тој претходно се поврзуваше и со атентатот на претседателот на Хаити, а неговиот адвокат тоа го демантираше.


Против Никола Вушовиќ на членовите на криминалната група на чело со него се води постапка пред Специјалниот суд во Белград поради обвиненија дека ги убиле Александар Шарац, Драган Ристиќ и Александар Халабрин. Според истите обвиненија, обидите за убиство биле извршени на 7 октомври врз сега веќе починатиот Лазар Вукиќевиќ, на 29 декември 2019 година врз Самир Дивљановиќ, на 11 мај 2020 година врз Милош Ниловиќ, на 27 ноември 2020 година врз Андрија Зариќ, како и врз Арсениј Стефановиќ на 01.02.2021 година.


Покрај тоа, Вушовиќ е обвинет дека со водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер, основал група чиишто членови, меѓу другото, се обиделе со цијанид да отрујат лице кое се наоѓало во притвор во Црна Гора, а кое било подготвено да соработува со истражните органи на таа земја. Инаку и Радоје Звицер моментално е во бегство, пишува нова.рс.


Поточно, во обвинението Вушовиќ се товари за шест кривични дела на тешко убиство, од кои три за поттикнување и три за обид за поттикнување, додека неговата десна рака Урош Пиперски се товари за шест кривични дела на тешко убиство, од кои три се за поттикнување и три за обид за поттикнување, како и две кривични дела – перење пари и неовластено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни средства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг