Шилегов: СДСМ е заробена партија со двајца октроирани „лидери”, тоа се тезгароши

Макфакс

25/10/2024

12:02

2.294

Големина на фонт

а а а

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, на социјалните мрежи упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши.

„Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, се вели во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук.

Шилегов како кадар на СДСМ стана градоначалник на Град Скопје од 15 октомври 2017, а функцијата ја извршуваше до 31 октомври 2021 година, кога беше поразен од Данела Арсовска.

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук.

1.000 зошто, едно затоа:


За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …


Ете затоа 😊

Posted by Петре Шилегов on Friday, October 25, 2024

„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник …“, напиша денеска Шилегов.

Шилегов во претходната објава на фејсбук ја нарече СДСМ заробена партија со двајца октроирани „лидери“, тезгароши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг