[ВИДЕО] „Ова ќе го испратам на мојот шеф“: Временската прогноза на РТС тргнала по зло, лапсусот на водителката ги преплавил социјалните мрежи

Точка

14/06/2024

14:02

4.916

Големина на фонт

а а а

Лапсусот на водителката на временската прогноза на РТС станал вирален на социјалните мрежи, а сето тоа затоа што заборавила во живо во програмата да изговори еден збор, што значително го променило значењето на известувањето кои им го дала на гледачите.

Со оглед на тоа дека соопштувала временска прогноза која предвидува дожд, водителката сакала да ги советува гледачите да не излегуваат од дома без чадор, но ѝ се случил лапсус бидејќи заборавила да го изговори зборот „чадор“.

„Во Белград моментално е 16 степени, ниту во Белград, ниту било каде вo Србија, денес ни случајно не излегувајте од дома бидејќи веќе врне слаб дожд во подрачјето на главниот град, а највисоката дневна температура ќе биде 24 степени“, изјавила синоптичарката во живо во Утринската програма.


Ова не останало незабележано од корисниците на социјалните мрежи кои масовно го споделуваат видеото од лапсусот на водителката со духовити коментари.

„Луѓе, седум часот наутро, јас не би можел да изговорам реченица со оваа брзина како таа, а да не погрешам“, „Сега ова ќе му го испратам на шефот, денес не работам, ја слушам прогнозата“, „Дали ова важи и за нас што одиме на факултет, се знае ли нешто?“, се само дел од хумористичните коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг