Кога последен пат сте спиеле голи? Експертите открија зошто треба да го правите тоа почесто

Точка

13/06/2024

23:10

6.300

Големина на фонт

а а а

Спиењето без облека дава чувство на апсолутна слобода. Тоа е и одличен рецепт за зголемување на сексуалната желба бидејќи кога сме голи, едноставно, се чувствуваме посекси. А допирањето на партнерот, кожа на кожа, е исто така многу секси.

Според меѓународната студија на американската Национална фондација за спиење, секој трет маж спие гол и затоа нивниот љубовен живот е подобар од оние кои спијат во пижами. Тие се поинтимни со партнерот, а интимноста релаксира и создава чувство на среќа. Ова резултира со намалување на крвниот притисок, го зајакнува имунитетот и го намалува чувството на анксиозност. Покрај подобриот љубовен и, секако, сексуален живот, спиењето без облека го подобрува квалитетот на сонот, пишува „Менс фитнес“.


Температурата на телото е пониска, што придонесува за подлабок сон. И вашите гениталии ќе ви се заблагодарат ако не ги скриете во пижами. Експертите веруваат дека така проветруваат, што ја намалува можноста за развој на бактерии. Вагината ќе биде помалку влажна и помалку подложна на инфекции, а тестисите ќе бидат поладни, што го зачувува здравјето на спермата.


И вашата кожа ќе ви се заблагодари бидејќи тоа е единствена можност таа да дише слободно, што ја намалува можноста за добивање кожни болести. Имено, во текот на целиот ден кожата е покриена со облека и чевли под кои често се потиме, а низ порите можат да навлезат хемикалии од детергенти или омекнувачи.


И уште еден детаљ – ако не спиете во пижами, ќе заштедите на домашниот буџет. Нема да морате да ги купувате, да ги перете, да ги пеглате… Ако ви е ладно навечер, попрво покријте се со друго ќебе и оставете го вашето тело да продолжи да ужива во слободата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг