Се шири „kitten-fishing“ – новиот тренд во онлајн запознавањето – За што се работи?

Точка

05/02/2025

15:37

741

Големина на фонт

а а а

Доколку користите апликации за запознавање, можеби веќе сте слушнале за изразот „catfishing“ – лажно претставување на интернетот со употреба на туѓи фотографии и лажни податоци. Но, сега почна да се шири посуптилна верзија на овој феномен, позната како „kitten-fishing“.

Што е „kitten-fishing“?

„Kitten-fishing“ е поблага верзија на кетфишинг. За оние кои не се запознаени, кетфишинг значи создавање лажен идентитет на интернет со цел да се измами некој – без разлика дали се работи за пријателство или за романтична врска. Луѓето го прават тоа користејќи лажни фотографии и изменети информации и водат разговори во улога на измислени ликови.


Кај „kitten-fishing“, работите се малку поинакви. Овде не станува збор за целосна лажна личност, туку за помали лаги кои служат за подобро да се претставите себеси на апликациите за запознавање.

Како изгледа „kitten-fishing“?

„Kitten-fishing“ често се случува преку мали измами, како што се лажење за возраста, додавање неколку центиметри на висината со цел оставање подобар впечаток или користење на стари фотографии кои не го отсликуваат вашиот вистински изглед. Користењето фотографии направени од поволни агли за прикривање на одредени делови од телото може да биде дел од овој тренд.

Иако малите лаги можат да ви помогнат да постигнете договор за првиот состанок, многу е веројатно дека тие ќе бидат причината поради која врската нема да потрае.


Психологот Елиса Робин го потврди ова: „Запознав човек кој тврдеше дека е висок 173 цм. Но, кога се запознавме, беше јасно дека тој е приближно иста висина како мене, 165 см, па дури и понизок. Првиот впечаток ми беше дека ме излажал. Можеби неговата висина немаше да ми пречи, но фактот дека ме излажа – тоа ми пречеше.“

Како да препознаете дека некој користи „kitten-fishing“?

Постои начин да избегнете непријатни изненадувања на првиот состанок. Прво се недоследностите во приказните. Доколку забележите контрадикторни детали или избегнување одговори на некои прашања, тоа може да биде знак дека личноста ја крие вистината.


Друг знак може да биде недостатокот на информации. Доколку избегнуваат да зборуваат за работата, минатото или други важни теми, можеби не сакаат да ја кажат вистината.

И третата работа е премногу идеализирана слика за себеси. Доколку некој звучи „премногу добро за да биде вистинит“, постои шанса дека тоа навистина е така.