Објавена фотографија од чичкото: „Ќе го погледнев во очи и ќе го прашав зошто му го направи ова на моето девојче“ - Се огласија родителите по убиството на нивната 11-годишна ќерка во Грција

Макфакс

12/06/2024

09:55

6.878

Големина на фонт

а а а

Родителите на девојчето (11) кое беше убиено во Грција се неутешни поради смртта на нивната ќерка и се во чудење зошто властите не го задржале во затвор нивниот роднина осомничен за убиство, пишуваат медиумите во регионот.

„Зошто не го ставија силувачот зад решетки, посочувајќи дека осомничениот бил осуден за силување на 14-годишно девојче во 2017 година.

Револтирани од смртта на нивната ќерка велат дека прво му била намалена затворската казна, а потоа бил пуштен на слобода.

„Тој човек што ни го уби детето беше во затвор поради силување. Прво му ја намалија казната од 18 на девет години. Зошто не го држат во затвор?“, прашува расплаканата мајка.


Малата Василика исчезнала во неделата вечерта, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило во полиција околу 3 часот по полноќ. Девојчето во понеделникот било пронајдено мртво на нива. Според признанието на осомничениот, кој наводно и е вујко, тој ја избодел девојката со шрафцигер откако таа одбила да има односи со него.

„Ќе го погледнев во очи и ќе го прашав зошто му го направи ова на моето девојче“

„Не доаѓаше често, ќерка ми му ја переше колата“, вели таткото на девојчето.


Осомничениот за убиството на Василика беше уапсен во 2017 година за силување на 14-годишно дете. Според медиумите, се работи за роднина на таткото на Василика.

Во 2020 година, тој беше осуден на Закинтос, но беше ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега, според написите во медиумите, не е познато дали ја испочитувал судската наредба.

Објавена фотографија од чичкото што го уби девојчето во Грција, по убиството ги тешел нејзините родителите

Девојчето (11) кое е убиено во Грција, починало од рацете на нејзиниот чичко. Малата Василики, влегла во неговиот автомобил и набрзо била пронајдена мртва.

Чичкото (37) на распит го признал ова грозоморно злосторство, но не го навел мотивот за убиството.

„Ја однесов во шумата и ја убив“, рекол тој, пренесуваат грчките медиуми.


Тој вчераутро отишол да ги утеши родителите на убиеното девојче, додека тие се уште верувале дека Василики е киднапирана. Во исто време на социјалните мрежи сподели “amber alert” информација за нејзиното исчезнување.

Откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзиниот чичко.

Осомничениот за убиството на Василика беше уапсен во 2017 година за силување на 14-годишно дете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг