[ФОТО] „Дали човеков имал трансплантација на главата, или?“: Докторот ги објавил резултатите пред и по операцијата, луѓето се во неверување како од просечен маж успеал да го направи ова чудо

Точка

11/06/2024

20:06

7.905

Големина на фонт

а а а

Пластичните операции се многу честа појава во последните неколку години, а некогаш на нив се изложувале генерално жените.

Секако, и мажите оделе „под нож“, но тоа вешто го криеле, меѓутоа тоа повеќе не е случај. И посилниот пол сè почесто избира да оди на „ремонт“ кај хирург, а трансформациите се навистина неверојатни.

Докторот Диего Даниел Дијаз Торадо од Куба е познат пластичен хирург кој често на својот „Instagram“ профил ги објавува трансформациите кои ги прави.


Меѓутоа, во морето од објави, една особено се истакнала. Имено, тој објавил фотографија од маж пред и по операцијата, а резултатот е толку неверојатен што многумина се пошегувале и го прашувале докторот дали можеби направил трансплантација на глава.

Судејќи по фотографијата, може да заклучите дека типот го намалил носот, ги подигнал јаболчиците и ја истакнал виличната коска, а сето тоа целосно го променило неговиот изглед.

„Океј, мислам дека нема да може да го отклучи својот мобилен телефон доколку работи по принципот на препознавање на лице“, „И после велат дека жените ги мамат мажите со својот изглед“, „Бил убав дечко и пред операциите, но сега е сериозен фраер“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг