[ФОТО/ВИДЕО] Вергара (51) се појавила со синот и никој не може да поверува дека има толку големо дете: Најзгодната мајка на планетата во проѕирен фустан кој никого не оставил рамнодушен

Точка

09/06/2024

17:18

8.057

Големина на фонт

а а а

Софија Вергара пред 2 дена во Лос Анџелес го прославила заедничкиот деловен успех со синот Маноло. Нејзината верзија на гол фустан бил проѕирен модел кој ја истакнувал долната облека, нејзината фигура и облините. Предизвикувачки, како што сугерира името на трендот.

Колумбиската актерка Софија Вергара, која на 10 јули ќе наполни 52 години и нејзиниот син Маноло, кој во септември го слави својот 33 роденден, ги здружиле силите за синџирот ресторани „Everybody Eats“, па во Лос Анџелес ја прославиле таа соработка.


Вергара уште еднаш воодушевила со својата убавина, а како одминува времето, нејзината привлечност не губи сила, туку само се трансформира.

Многумина се изненадени кога ќе слушнат дека нејзиниот син е во четвртата деценија, со оглед на тоа што актерката изгледа неверојатно младолико.


Кога ќе ги погледнат заедно, таа повеќе делува како негова постара сестра, отколку како мајка.


Вергара, синот Маноло го добила со поранешниот сопруг Џо Гонзалес. Првиот брак на актерката траел кратко, од 1991 до 1993 година.


Актерката позирала и со нејзината внука Клаудија, со која често се појавува на „Instagram“.

Клаудија е ќерка на постариот брат на Софија Вергара, Рафаел, кој бил убиен пред две децении во Богота, Колумбија. Имал 27 години, а убиството се случило при киднапирање кое не одело по планот.

За ова претходно говорела и самата актерка: „Ние потекнуваме од успешно семејство, тој знаеше дека е мета на киднапери, секогаш имаше телохранители со него. Потоа, еден ден излезе, киднапирањето појде по зло и тој беше убиен. Бев скршена“, пренесува „The Sun“.


Софија Вергара, која сега е во врска со овој доктор, пораснала како едно од шест деца. На крајот на деведесеттите, со нејзиниот брат Хулио таа се преселила во Мајами, но тој бил депортиран во Колумбија поради проблеми со дрога. „Проблемите со законот се во неговото минато“, зборувала актерката, нагласувајќи дека и во најтешките моменти таа продолжува понатаму.


Се шпекулирало дека Софија имала врски и со луѓето од другата страна на законот, како што се колумбискиот наркобос Андрез Лопез и Крис Пачело, кој криминалните активности ги криел со имиџот на бизнисмен и сопственик на клубови.

Најтешките моменти во животот Софија ги доживеала на 28 години, кога се борела со ракот на тироидната жлезда.


Актерката оваа година официјално се разведе од Џо Манганиело, со кого стапила во брак во 2015 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг