Кинезите имаат решение за оние кои се паркираат непрописно

Точка

07/06/2024

23:21

9.724

Големина на фонт

а а а

Идеално за преместување на автомобилите на безобразните возачи кои паркираат на место предвидени за инвалиди.

За да ги казнат возачите кои непрописно се паркираат, кинеските власти користат едноставен метод. Нема класичен „пајак“, туку далеченски управуван робот кој личи на палетар без мануелни команди.

Роботите кои можат да преместуваат автомобили полицијата не ги користи само преместување на неправилно паркирани автомобили. Исто така се користат и во трговски центри, паркинзи и некои аеродроми.

Овие роботи се лесни уреди специјално дизајнирани за ефикасно кревање и премесување на возила во најкраток можен рок, пишува „Revijahak“.

За да го направат тоа, имаат подвижна основа која им овозможува да маневрираат и да се движат во различни правци (или ротираат до 360 степени ако е потребно), хидрауличен систем за кревање и разни чипови и сензори.

Технологијата на овие роботи им овозможува да откриваат препреки и да бидат прецизно наводени, обично од страна на полицајци и оператори користејќи далечински управувач.

А што се случува кога во близина нема слободен простор? Освен казна за непрописно паркирање, возачот ќе мора да плати и надомест за преместувањето на возилото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг