Примероците од темната страна на Месечината на пат кон Земјата: Кинеската сонда ја напушта лунарната орбита

Точка

06/06/2024

16:21

16.052

Големина на фонт

а а а

Ова е втор пат кинеско вселенско летало да слета на далечната страна на Месечината. Прв пат научниците од "CNSA" успеаја да го направат тоа во 2019 година.

Кинеската соларна сонда "Chang’e 6", која слета на темната страна на Месечината во неделата, полета назад кон Земјата откако успешно ја заврши својата доделена мисија.

Сондата го добила името по божица од кинеската митологија и станала првото вселенско летало кое слетало во близина на јужниот пол на сателитот на Земјата и собирало примероци од овој дел на Месечината, за да ги однесе назад на Земјата, јавува "BBC".

Ова е втор пат кинеските сонди да слетаат на далечната страна на Месечината, а првиот пат беше во 2019 година.

Сондата слета на огромниот кратер познат како Јужен Пол – басенот Аиткен – еден од најголемите познати кратери во Сончевиот систем – во неделата. Нерамниот терен и длабоките кратери создаваат технички предизвик да се стигне до оваа страна на Месечината, која секогаш е завртена подалеку од Земјата.

Слетувањето беше полно со ризици бидејќи е многу тешко да се одржи комуникација со вселенското летало штом ќе стигне до далечната страна на Месечината. Официјални лица од кинеската вселенска агенција рекоа дека целата операција вклучува „многу инженерски иновации, висок ризик и големи тешкотии“.


Државните медиуми објавија снимка од Кинеската вселенска агенција (CNSA) на која се гледа како робот подава мала рака и мавта со кинеско знаме откако собира скапоцени примероци. Научниците шпекулираат дека примероците ќе имаат значително различен состав од примероците земени од видливиот дел на Месечината.

Научниците во Кина ќе бидат првите кои ќе имаат можност да ги анализираат карпите, додека меѓународните истражувачи ќе можат да аплицираат за подоцнежни истражувања. Постои можност сондата да извадила некои од најстарите карпи од огромниот кратер на Јужниот пол, наведува "BBC". Проучувањето на карпите од далечната страна на Месечината може да даде одговори на некои од клучните прашања за тоа како се формирале планетите.


Кинеските медиуми во вторникот објавија дека леталото успешно полетало и прво влегло во „предодредена орбита околу Месечината“, за денеска да ја напушти орбитата и да продолжи со летот кон Земјата. Би требало да слета во Монголија за околу три недели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг