Во вселената е 235 дена и состојбата и се влошува: Нејзините зборови се страшни!

Точка

02/02/2025

14:08

6.959

Големина на фонт

а а а

Астронаутите Сунита Вилијамс и Бери Вилмор се во вселената веќе 235 дена. Сега ситуацијата за астронаутката се влоши.

Една од женските астронаутки на НАСА, која е заглавена во вселената, откри дека изгубила дел од своите способности откако поминала таму осум месеци.

Сунита Вилијамс оваа недела призна дека заборавила како е да се оди по 235 дена поминати во микрогравитација. Таа ја изрази својата загриженост за повторно движење откако ќе дојде спасувачка мисија за нив.


„Тука сум доволно долго што сега се обидувам да се сетам како е чувството да се оди. Не сум одела. Не сум седнала, не сум легнала“, рече таа за време на видеоповик со ученици во средното училиште Нидам во Масачусетс во понеделникот, пишува "Daily Mail".

Вилијамс (59) и нејзиниот колега Бери Вилмор (62) требаше да поминат осум дена на Меѓународната вселенска станица (МВС) кога ја започнаа својата мисија на 5 јуни, но капсулата на "Boeing" што ги однесе таму имаше технички проблеми.


Во меѓувреме, капсулата се врати на Земјата празна, оставајќи ги двајцата астронаути заглавени во вселената до крајот на март, кога би можеле да се вратат со помош на вселенското летало "Crew-9" на "SpaceX".

"SpaceX" веќе беше одговорен за враќањето на астронаутите Вилијамс и Вилмор од Меѓународната вселенска станица, уште пред оваа нова наредба, поради неуспехот на капсулата "Starliner" во вселената.


Капсулата имаше истекување на хелиум и дефекти на погонот пред, за време и по лансирањето.

За време на долгите мисии во вселената, микрогравитацијата влијае на телата на астронаутите, создавајќи значително влошување на мускулите и коските