Се сели во шпанскиот великан: Чудото од дете со солзи се збогуваше од Палмеирас

Дерби

31/05/2024

11:49

1.801

Големина на фонт

а а а

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид ќе се засили со неколку нови играчи за кампањата 2024/2025, а еден од нив ќе биде чудото од дете од Бразил, Ендрик.

Ендрик е новата голема надеж на бразилскиот фудбал, играч на кој му се предвидува голема иднина, па Реал за него издвои сериозна сума на пари за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој рано утрово го одигра својот последен меч за Палмеирас и тоа против Сан Лоренцо во Копа Либертадорес, меч во кој навивачите максимално го испочитуваа, а тој не можеше да ги задржи солзите.