[ВИДЕО] 2 милиони прегледи откако странците открија што е Бамбус: Балканските коментари се хит

Точка

29/05/2024

14:33

4.839

Големина на фонт

а а а

Профилот на ТикТок наречен „Cocktails“ го следат 2,6 милиони луѓе. На овој профил, како што кажува самото име, се објавени методи за правење разни коктели, а нивните видеа имаат по неколку милиони прегледи.

Странците дознаа што е Бамбус

Пред неколку дена тие претставија „коктел“ што на Балканот одамна им е познат – бамбус. „Ова мора да го пробате. Црвено вино + Кока-Кола“, напишале во описот на видеото кое за три дена собрало речиси два милиони прегледи. Под виралното видео има еден куп коментари, а нив секако ги пишуваа Балканци.

„Балканот се смее“, „Децата од Балканот моментално размислуваат: Ова го пиевме кога имавме 12 години, како го открија сега?“, „На Балканот овој пијалак го нарекуваме бамбус. Ништо ново за нас“ , „Добредојде во Источна Европа“

„Во Словенија ова се вика бамбус, го пијат студенти кои не можат да си дозволат скапи пијалаци“, „Балканот е многу напред во однос на остатокот од светот“, „Ние на Балканот го пиеме од детството“, „Ова е првиот алкохолен пијалак што го пробуваат децата на Балканот“, „Класиците на Балканот“, се дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг