Познатиот руски кардиолог тврди дека скоро сите луѓе го „силуваат“ сопственото тело со овие обиди! Изнел контроверзен став: „Вишокот килограми не е ребус, еве кој единствено мора да ослабе“

Точка

28/05/2024

22:00

15.328

Големина на фонт

а а а

Дебелината често се нарекува епидемија на 21 век и се смета за еден од показателите за дијабетес, срцев удар и други сериозни болести.

Но, дали е тоа навистина така? Своето мислење за оваа проблематика го споделил и Александар Мјасников, познат руски кардиолог и еден од највлијателните тамошни доктори.

Мјасников, инаку познат и како водител и автор на бројни книги за здравјето, тврди дека секој човек неизбежно се здебелува на возраст од 20 до 65 години – некој повеќе, некој помалку.

Универзалната формула за идеален број килограми „тежина = висина – 100“ не може да се примени на сите, смета овој доктор.


Тежината на човекот од 40 до 70 отсто зависи од генетиката, а прекумерната тежина кај двајцата родители го зголемува ризикот од вишок килограми кај детето за 10 пати!

„Вишокот килограми се стекнува со текот на годините и за тоа време нашиот хормонски систем се адаптира на својата вообичаена, иако зголемена тежина. Истовремено, ја прифаќа оваа тежина како нормална и настојува да ја одржи на тоа ниво. Затоа толку е тешко да се изгубат килограмите во првите месеци и да се остане доследен на диетите, хормоните се спротивставуваат, се зголемува апетитот, се намалува енергетскиот метаболизам“, објаснил д-р Мјасников.

Доколку личноста со умерена прекумерна тежина е метаболички здрава, се чувствува добро и има нормални нивоа на холестерол и шеќер во крвта, а со нормална и правилна исхрана не добива уште повеќе на тежина, тогаш нема смисла да се обидува да слабее по секоја цена.

Овој познат руски лекар истакнува дека процесот на слабеење е полн со малаксаност, раздразливост, лош сон и доведува до опуштеност на кожата и лицето. Исто така, по слабеењето, килограмите неретко многу лесно се враќаат, дури и со нискокалорична исхрана – бидејќи „хормоните си го земаат данокот“.


„Јас, на пример, многу подобро се чувствувам со 88 килограми и тоа е моја тежина веќе 20 години, отколку со 83 килограми. Да не зборувам за физичката сила“, истакнал тој.

Мјасников, исто така, советувал дека е доволно повремено, најмногу еднаш или два пати месечно да се изложиме на еднодневно гладување во кое ќе се консумираат само нискокалорични намирници на растителна база, со цел да се делува превентивно кај дијабетесот и останатите болести.

„Не треба да се силуваат душата и телото со нереални аспирации. Разбирам дека од медицинска гледна точка мојот став е контроверзен, но ние сме живи луѓе и не сите се вклопуваат во формалните рамки“, заклучил овој доктор.

*** Ова е личен став на рускиот доктор Александар Мјасников, а не мислење или тврдење на редакцијата.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг