[ФОТО] Беше најубава тенисерка на светот и сè уште ѝ нема рамна: Еве како изгледа на 55 години

Точка

27/05/2024

19:41

5.326

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите тенисерки на светот Габриела Сабатини (54) одамна се прости од тенисот, но не и од нејзиниот заносен изглед.

Иако спортската кариера одамна ја остави настрана - многу рано, на 26 години, утеха најде во друга работа. Таа има линија на парфеми со нејзиниот потпис и често е активна на социјалните мрежи, каде со многубројните следбеници споделува интересни содржини.

Сабатини неодамна објави неколку фотографии од Рим, а како што може да се види, поранешната тенисерка ужива во остатокот од животот.


А потоа се надоврзале коментаторите...

„Жено, што се случува? Дали воопшто старееш?“, „Ти си најубавата Аргентинка досега“, се само дел од коментарите.

За потсетување, спортската кариера на Сабатини е богата со награди и трофеи. Меѓу бројните титули кои ги освоила се издвојуваат сребрениот олимписки медал во поединечна конкуренција од 1988 година и две Гренд слем титули, едната во поединечна конкуренција, а другата во двојки. Во кариерата освоила вкупно 41 турнир, од кои 27 сингл, а 14 во дубл.




Спонзорирани линкови

Маркетинг