И по 30 години тие се вљубени: Таа била најдобра пријателка на неговата поранешна сопруга, а популарниот Британец тврди дека тоа било љубов на прв поглед

Точка

25/05/2024

09:43

12.040

Големина на фонт

а а а

Британската рок ѕвезда Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер, присуствувале на премиерата н филмот „Parthenope“ на 77 Кански фестивал.

Стинг и неговата сопруга прошетале на црвениот тепих во Кан, а познатиот пар после 30 години љубов сѐ уште привлекува внимание.

Тие се запознале додека тој бил во брак, а таа била пријателка на неговата поранешна сопруга.


„Не сме горди поради таа ситуација, но едноставно се случи“, изјавила претходно Труди за тоа како започнала врската со славниот Стинг.

Кога ја запознал Труди, Стинг бил во брак со ирската актерка Френсис Томелти, со која се венчал во 1976 година. Труди и Френсис се запознале работејќи во продукција за претставата „Магбет“ и станале пријателки. Покрај тоа тие биле и сосетки до 1982 година кога се дознало за врската на Стинг и неговата идна сопруга.

Стинг во Труди се вљубил на прв поглед

„Нејзините очи се бледи, бледозелени, а над левиот образ има избледена лузна која изгледа како животинска канџа да ја повредила. Чудно, но лузната на ниту еден начин не ја намалува нејзината убавина. Напротив, таа изгледа како скршен ангел“, напишал во книгата Стинг за Труди каде открил дека во неа се вљубил веднаш штом ја запознал, а се знае дека со години живееле како соседи.


Познатиот пар врската ја почнал откако првата сопруга на пејачот му го родила нивното второ дете.

А, Труди во 1983 година забременила со славниот музичар. Тогаш му се придружила на турнејата на групата „Police“ каде пејачот бил член.

„Тоа беше најмалку идеална ситуација која може да ја замислите“, изјавила Стајлер за фактот што Стинг бил оженет, а таа била во врска со друг маж.

„Ниту еден од нас не е горд на ситуацијата којашто се случи, едноставно се случи“, додала таа.


Истата година кога Стинг и Труди го добиле првото дете, еден од највлијателните пејачи се развел од првата сопруга. Стинг во вториот брак добил уште три деца.

Своето богатство нема да им го остави на децата

Стинг потекнува од скромно семејство со кое живеел во едно мало место во Англија. Неговото богатство сега се проценува на 180 милиони долари, а во искрено интервју кое го дал за „Дејли Мејл“ изјавил дека неговите тројца синови и три ќерки не би требало да очекуваат дека ќе наследат пари туку треба да работата за да заработат за себе.


„Имаме многу обврски, парите се трошат. Секако не сакам да им оставам фонд којшто од нив ќе направи мрзеливи и неблагодарни луѓе. Тие мора да работат. Секое мое дете го знае тоа и затоа ретко ми бараат пари, што навистина го ценам“, рекол пејачот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг