„Бомба“ од Ројтерс: Путин е подготвен да ја запре војната во Украина, но под еден услов

Макфакс

24/05/2024

19:20

7.383

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши војната во Украина со договорен прекин на огнот кој ги признава сегашните линии на фронтот, изјавиле четири руски извори за Ројтерс, додавајќи дека тој е подготвен да ги продолжи борбите доколку Киев или Западот не одговорат.

Тројца извори блиски до внатрешниот круг на Путин за Ројтерс изјавиле дека рускиот лидер изразил фрустрација пред мала група советници поради, како што смета, обидите поддржани од Западот да ги блокираат разговорите и одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги исклучи разговорите.

„Путин може да се бори онолку долго колку што треба, но Путин е подготвен и за примирје – да ја паузира војната“, рекол еден од четирите извори, висок руски функционер кој соработувал со Путин и има познавање за разговорите на највисоко ниво во Кремљ.


Два извори на Ројтерс кажале дека Путин верува дека досегашните придобивки во војната се доволни за да му ги продаде на рускиот народ како победа.

Други извори истакнале дека Путин разбрал дека за секој драматичен нов напредок ќе биде потребна уште една национална мобилизација, што тој не ја сака, а еден извор, кој го познавал рускиот претседател, рекол дека неговата популарност опаднала од првата мобилизација во септември 2022 година.


Сепак според Ројтерс, изгледите за прекин на огнот, па дури и за мировни преговори, во моментов изгледаат далечни.

Зеленски изјави дека мирот под услови на Путин не е почеток на крајот на војната. Тој вети дека ќе ја врати изгубената територија, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Според написите, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, како одговор на барањето за коментар, рекол дека првиот човек на Кремљ повеќепати јасно кажал дека Русија е отворена за дијалог, наведувајќи дека Москва не сака „вечна војна“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг