[ФОТО] Пар од САД посвоил пет деца! Ги чувале во штала и ги терале да работат како робови

Точка

26/06/2024

12:12

1.370

Големина на фонт

а а а

Доналд Реј Ланц и Џин Кеј Вајтфедер од Западна Вирџинија се обвинети за занемарување на деца. Наводно ги принудувале своите посвоени деца да работат како робови и да живеат во штала. Уапсени биле во октомври минатата година, откако е откриено дека петте посвоени деца – на возраст од 6, 9, 11, 14 и 16 години живеат во лоши услови.

Полицијата ја повикал соседот, загрижен за здравјето на малолетниците.

„Соседите известија дека децата се принудени да вршат земјоделски работи и дека не им било дозволено да влезат дома“, стои во обвинението. При интервенцијата, полицијата ги пронашла 14 и 16-годишното дете во шталата. Внатре немало ни светло ни вода. Еден од тинејџерите и кажал на полицијата дека последен пат јаделе пред 12 часа и дека биле принудени да спијат на бетон.


Судијка: Децата се користени како робови

Ланц и Вајтфедер вчера пред судот се изјасниле како невини по повеќе точки од обвинението, вклучувајќи трговија со деца, користење на малолетни деца во принудна работа и занемарување на деца, известила локалната новинска куќа „Metro News“.

Судијката Мериклер Ејкерс тврди дека децата „во основа биле користени како робови“.


Ланц и Вајтфедер се соочуваат и со обвиненија за кршење на човековите права, поради тоа што посебно таргетирале црни деца и ги принудувале на работа поради расата, објавил споменатиот медиум. Одредена им е кауција од 500.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг