Eкипа на Итна медицинска помош се заглавила во лифт во Кисела Вода

Макфакс

26/06/2024

12:44

1.873

Големина на фонт

а а а

Екипа на скопската Брза помош е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи.

Случајот, како што информираат, бил пријавен на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во 11:22 часот.


„Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата ја добиле во 11.22 часот, на телефонскиот број 112, за што итно била известена Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје и СВР – Скопје“.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг