[ВИДЕО] Славната актерка чие богатство е проценето на 95 милиони долари се најде на удар на критики: „Јас сум средна класа“

Точка

23/05/2024

14:35

3.397

Големина на фонт

а а а

Австралиската актерка Кејт Бланшет се најде на удар на критики откако изјави дека припаѓа на средната класа. Нејзиното богатство се проценува на 95 милиони долари.

Имено, таа на прес-конференцијата организирана од ОН за време на Канскиот филмски фестивал зборуваше за давањето можности на филмските работници кои се бегалци.

„Јас сум бела, привилегирана сум, сум од средна класа и мислам дека секој може да биде обвинет дека има „комплекс на бел спасител“. Да бидам потполно искрена, мојата интеракција со бегалците на терен и во средините во кои се преселени целосно го промени мојот поглед кон светот и крајно сум благодарна на тоа“, изјавила Бланшет меѓу останатото.


Таа додала дека запознала извонредни луѓе со исклучителни таленти и неверојатни перспективи. Но, бројни корисници на социјалните мрежи започнаа да ја исмејуваат поради тврдењето дека припаѓа на средната класа.

„Ти мислиш дека припаѓаш на средна класа?“, „Во каков универзум живееш?“, „Не можам да верувам дека таа го изјави ова. Нема врска со реалноста“, „Ако ти си средна класа, тогаш што сум јас?“, се некои од коментарите.

Актерката сè уште не се огласила по повод овие критики. За потсетување, таа прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во фустан во црна, бела и зелена боја. На овој суптилен начин ѝ пружи поддршка на Палестина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг