[ФОТО] Хејли Бибер во седмиот месец од бременоста прошета во чипкан комбинезон и изгледа како милион долари: Сите гледаат во трудничкиот стомак, но и во тоа што Џастин го носел на себе

Точка

24/06/2024

17:59

3.912

Големина на фонт

а а а

Моделот Хејли и пејачот Џастин Бибер пред месец и половина на своите профили на социјалените мрежи објавија дека наскоро ќе станат родители, а таа вест ги израдува нивните обожаватели. Според извори, бременоста ја криеле шест месеци, а се шпекулира дека Хејли сега е на крајот од седмиот месец.

Иако сè помалку се појавуваат во јавноста откако Хејли објави дека е бремена, парот завчера беше фотографиран на улиците на Њујорк.


Трендот на разголени трудници и труднички стомаци го покрена пејачката Ријана додека беше бремена, па сега и Хејли Бибер одлучила да го следи тој тренд – облекла комбинезон од тантела кој откривал речиси сè, па и нејзиниот стомак.

Врз комбинезонот Хејли носела долг кожен капут, а црните високи потпетици, чантата и очилата одлично се вклопиле со нејзиниот стајлинг.


Очекувано, Џастин не се труде премногу кога е во прашање неговиот облеката и стилот, наместо тоа облекол џемпер и широки бели бермуди, но еден детаљ ги привлече сите погледи.

Според експертите, Џастин направил „моден криминал“ и носел црни сандали и бели чорапи.


Да потсетиме, Џастин и Хејли се во брак од септември 2018 година, а претходно зборуваа дека сакаат да го прошират семејството, но Хејли ја истакна својата загриженост за воспитувањето на децата бидејќи постојано се во центарот на вниманието.


Најавата за бременост за помалку од два часа им се допадна на речиси 5 милиони луѓе, а идните родители беа преплавени со честитки од обожаватели, колеги и бројни познати личности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг