„Volvo“ претстави робо-камион, еве кога пристигнува на патиштата

Точка

22/05/2024

17:46

8.531

Големина на фонт

а а а

„Volvo“ во Лас Вегас прикажа камион опремен со систем за автономно управување.

Попрецизно, станува збор за „Volvo Autonomus Solutions“, самовозечки камион развиен во соработка со компанијата „Aurora Solutions“, старт-ап основан од поранешните од „Uber“, „Tesla“ и „Google“. Големиот камион користи хардвер и софтвер на „Aurora“, а станува збор за систем со име „Aurora Driver“.

Нуди ниво 4 на автономно управување, и сето тоа благодарение на комплексната синергиска акција на „AI“ софтверот, компјутерите, камерите, радарите, сензорите и ЛиДарите. Системот до денес направил околу 1,5 милиони тест милји, односно околу 2,4 милиони километри.


Лидерите на овој проект нагласуваат дека безбедноста била приоритет.

„Нашиот пристап до инженерингот на платформата и дава предност на безбедноста со вклучување на системите за висока безбедност, дизајнирани за ублажување на потенцијални итни ситуации“, вели Шахрук Казми, лидер на одделот за производи во „Volvo Autonomous Solutions“.


Камионите наскоро доаѓаат на патиштата, а засега ќе има безбедносен оператор зад управувачот подготвен да преземе контрола над возилото во кризни ситуации. До крајот на годината на патиштата би требало да пристигнат 20 вакви камиони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг