Дали сте забележале зелена и портокалова точка на вашиот „iPhone“? Еве што значат тие

Точка

22/05/2024

15:10

9.745

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале што значат зелената и портокаловата точка кои понекогаш се појавуваат на горниот дел од екранот на вашиот „iPhone“? Иако се чини дека се појавуваат случајно, тие всушност служат за многу корисна цел.

Овие светлосни маркери се таму за да ве предупредат секогаш кога ќе се активира микрофонот или камерата на вашиот телефон. Оваа функција првпат беше претставена на „iPhone“ со ажурирањето iOS 14 што беше објавено во 2020 година, пренесува „The Sun“.

Некои апликации бараат пристап до камерата или микрофонот

Мала зелена точка ќе се појави на горниот дел од екранот кога некоја апликација на вашиот „iPhone“ ја користи камерата, самостојно или во комбинација со микрофонот. Како тест, можете да ја отворите апликацијата за камера и ќе забележите дека се појавува зелена точка која исчезнува веднаш штом ќе излезете од апликацијата. Ако видите портокалова точка на екранот, тоа значи дека само микрофонот е активиран.


Доколку ве интересира која апликација го користи вашиот микрофон или камера, можете да ја проверите во контролниот центар (settings). Постојат многу причини зошто апликацијата може да бара пристап до вашата камера или микрофон, а мотивите не се секогаш злонамерни. На пример, Инстаграм бара пристап до вашата камера и фотогалерија за да може да се споделуваат фотографии на апликацијата, додека „WhatsApp“ користи микрофон за снимање гласовни пораки.

Ако сè уште се сомневате дека нешто не е во ред, проверете ги дозволите за апликацијата во поставките на вашиот уред. Можете да го ограничите пристапот до микрофонот или камерата за поединечни апликации, што може да помогне да се заштити вашата приватност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг