[ФОТО] Кога Србинката пристигнала во Кан, времето запрело: Со овој фустан се простува и најголемиот моден грев на црвениот тепих

Точка

20/05/2024

13:32

13.747

Големина на фонт

а а а

Српската трендсетерка Тамара Калиниќ била една од поканетите на премиерата на новиот филм на Кевин Костнер, а таа воодушевила со своето модно издание.

На 77 Кански фестивал синоќа била одржана премиерата на филмот „Хоризонт: Американска сага“, на која емотивниот Костнер го претставил проектот на којшто работел со децении и којшто добил овации од публиката.


На овој настан биле присутни голем дел од филмските работници и некои од најубавите жени на светот, а на него присуствувала и Тамара Калиниќ, најпознатата српска инфлуенсерка.

„Кога бев дете, слушнав дека никогаш не се носи црвено на црвениот тепих. Ајде тоа да го негираме“, напишала Тамара на Инстаграм.


Таа на премиерата пристигнала во божествена креација која ја потпишува модната куќа „Sophie Counture“, елегантен фустан којшто суптилно ја истакнал нејзината силуета. Станува збор за отмен модел со дијагонални прорези којшто претставува феноменална мешавина од ретро и футуристички дизајн, а завршува со романтични и тенки реси.

Српската инфлуенсерка го надополнила својот изглед со златни сандали, а за да биде уште погламурозна носела и накит од брендот „Tiffany and Co“, обетки и кратко ланче.


Тамара имала едноставна фризура како и суптилна вечерна шминка која ја истакнала нејзината природна убавина.



Ви се допаѓа ли нејзината модна комбинација?





Спонзорирани линкови

Маркетинг