Сандеј Роуз, 16-годишната ќерка на актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан, веќе гради успешна кариера во светот на манекенството.
Најновиот проект во кој е ангажирана, вклучува голема кампања со италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која таа ќе биде заштитно лице на нивната колекција пролет-лето 2025 година.
Заедно со Сандеј, во кампањата се појавија и актерките Лиу Хаокун и Џои Кинг, со кои Кидман работеше на филмот „A Family Affair“.
Сандеј позираше за кампањата во природно издание, без шминка, облечена во лежерна „Miu Miu“ комбинација која вклучуваше беж палто, црвено-бел фустан, шарени сандали и елегантна „Miu Miu“ чанта.
Во промотивното видео на кампањата, Сандеј е снимена како го гледа својот одраз во огледалото, додека со флејта во рацете создава впечаток дека свири.
Овој успешен момент во нејзината кариера доаѓа само три месеци откако таа го оствари своето деби на модната недела во Париз, каде што чекореше на пистата заедно со Амелија Греј, ќерката на актерот Хари Хамлин и актерката Лиза Рин, и Елиот Самнер, ќерката на музичарот Стинг и актерката Труди Стајлер.