Што е попаметно – да купам еден стан во центарот на Скопје или два стана на периферија?

Денар

18/05/2024

16:37

5.849

Големина на фонт

а а а

Во светот на недвижнините, инвеститорите се соочуваат со дилема: дали да купат еден скап стан на атрактивна локација во строгиот центар на Скопје или да се одлучат за два поевтини стана во руралниот дел на градот?!

За да го разјасниме ова, разговаравме со експерти од областа на трговијата со недвижнини, кои имаат богато искуство во продажбата на станови, куќи, плацеви…

Становите на атрактивни локации, како оние во строгиот центар, посочуваат тие, обично имаат поголем потенцијал за апрецијација на вредноста со текот на времето.


„Во повеќето случаи, приходот од апрецијацијата на скапите станови може да биде поголем од заедничкиот приход од два поевтини стана. Плус, добивате поедноставно управување. Во сопственост на еден стан, управувањето е поедноставено. Инвеститорот може да се фокусира само на еден објект, што е особено важно ако има и други обврски, како на пример работа или бизнис. Секако, постојат и недостатоци во инвестирањето во скап стан. На пример, цената“, објаснуваат експертите.

Тие ги посочуваат и предностите на инвестирање во два поевтини стана.


„Поевтините станови се лесни за купување, особено ако знаете каде да ги најдете. Одбирањето на добар и економичен стан е полесно од наоѓањето на скап објект со ист приход. Два поевтини стана овозможуваат разновидност во портфолиото. Инвеститорот може да располага со два објекта на различни локации. Од друга страна, инвеститорот треба да размисли дали располага со доволно време за управување на два објекта“, велат познавачите.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг