„Она што го гледате јавно...“: Кралски батлер открива како се однесува принцезата Кејт Мидлтон кога камерите ќе згаснат

Точка

12/09/2025

09:00

958

Големина на фонт

а а а

Поранешниот кралски батлер Грант Херолд којшто седум години работел за кралот Чарлс Трети и неговото семејство, открил каква е всушност Кејт Мидлтон зад затворените врати.

Иако некои претпоставуваат дека нејзиното срдечно однесување кога ја гледаме во јавноста е дел од нејзината кралска должност, Херолд вели дека принцезата од Велс е еднакво љубезна и кога камерите ќе се изгаснат.


„Многу е мила и опуштена. Она што го гледате тоа и го добивате со неа, има прекрасен став. Љубезна девојка, а воедно и малку шеговита, има смисла за хумор“, изјавил тој за „The Mirror“.

Додал и дека Кејт „никогаш не се однесувала како да е подобра од другите“, без оглед на својот статус во којшто ужива. Исто така открил што прави прво секојпат кога ќе дојде во Хајгроув.

„Кога ќе стигне, влегува во кујната и малку разговара со нас. Ќе влезе во куќата, но прво ќе дојде да нѐ види, па потоа продолжува понатаму со обврските, што е многу љубезно од нејзина страна. Многу е приземна, тоа се обидувам да ви го кажам и тоа кај неа најмногу ми се допаѓа“, раскажал батлерот.


Грант работел кај принцот Чарлс меѓу 2004 и 2011 година, додека тој сѐ уште бил принц од Велс.

Во текот на својот мандат имал средба со принцот Вилијам, Кејт, принцот Хари, кралицата Камила и покојната кралица Елизабета Втора.