[ФОТО] Легендарниот шпански ас го исполни ветувањето и му плати одмор на Ибица на целиот свој тим

Точка

18/05/2024

10:00

3.401

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тренер Сеск Фабрегас им плати на своите играчи од Комо одмор на Ибица по пласманот на тимот во Серија А минатиот викенд.

По завршувањето на кариерата, легендарниот шпански ас стана косопственик на клубот, а потоа и тренер, иако поради недостаток на лиценца не се води како шеф на стручниот штаб.

Со својот тим направи мало чудо, а потоа го исполни ветувањето дадено во моментот кога се бореа за пласман во елитата.

„Ти благодарам, Сеск Фабрегас“, напиша Патрик Кутроне, најдобриот играч и капитен на тимот, во пораката на социјалните мрежи, откривајќи дека играчите на Комо пристигнале на Ибица.

Да потсетиме, Комо првенството во Серија Б го заврши на второто место (зад Парма), со 73 освоени бодови и по 21 победа, 10 ремија и 7 порази, а во Серија А се вратија по 21 година.


Заедно со Фабрегас, кој е еден од косопствениците на клубот, тука е и легендарниот Тиери Анри, а во клупското раководство е и поранешниот играч на Челзи, Денис Вајз.

Славниот Шпанец кариерата ја започна во Арсенал каде одигра 303 натпревари, постигна 57 гола и го освои ФА Купот. Беше капитен на „топџиите“ и таму го етаблираше своето име меѓу најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Барселона го донесе во 2011 година, а таму помина три сезони. Играше и за Челзи, Монако и последниот клуб Комо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг