Украина воведува „AI“ портпарол за своето Министерство за надворешни работи

Точка

17/05/2024

17:46

8.003

Големина на фонт

а а а

Украина претстави портпарол генериран од вештачката интелигенција, Викторија Ши, која ќе доставува официјални соопштенија од своето Министерство за надворешни работи.

Тоа претставува значаен технолошки скок во дипломатската комуникација. Дигиталниот портпарол е претставен на социјалните мрежи, каде се појавила облечена во темно одело, зборувајќи и гестикулирајќи како човек.

Иако иновативно користи вештачка интелигенција во нејзиното претставување, Министерството за надворешни работи нагласило дека содржините на изјавите на Ши ќе бидат изработени и верификувани од страна на човечки персонал, а не генериран од страна на вештачката интелигенција. Ова обезбедува информациите да останат точни и доверливи, додека улогата на вештачката интелигенција е ограничена на визуелна презентација. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба истакнал дека употребата на дигитален портпарол е насочена кој заштедување на време и ресурси, овозможувајќи им на дипломатите да се фокусираат на други клучни аспекти од својата работа.

Нещодавно МЗС призначило Вікторію Ші, створену за допомогою штучного інтелекту, на посаду цифрової особи для...

Posted by Міністерство закордонних справ України / MFA of Ukraine on Thursday 2 May 2024

Портпаролот, чие име е изведено од зборовите „победа“ и украинскиот израз за вештачка интелигенција, развиен е од страна на тимот „Gama Changers“, познат по своите содржини со виртуелна реалност поврзани со актуелната војна во Украина. Изгледот и гласот на Ши се моделирани според Розали Номбри, пејачка и поранешна натпреварувачка на украинската верзија од „The Bachelor“, која потекнува од градот Доњецк. За да се спречи ширење на дезинформации и да се обезбеди автентичност во изјавите кои ги дава портпаролот со вештачка интелигенција, Министерството сите презентации на Ши ќе ги следи со QR код. Кодот ќе води кон текстуални верзии од изјавите на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Ши ќе се обраќа по различни прашања, вклучувајќи и конзуларни услуги, кои неодамна станале контроверзна тема во Украина. Земјата минатата недела ги суспендирала таквите услуги за мажи кои живеат во странство, што ги обврзува да се вратат назад во Украина и потенцијално да се соочат со мобилизација.

Оваа иницијатива на Украина е прва од тој тип во светот, позиционирајќи ја земјата на чело на технолошките иновации и дипломатски услуги.




Спонзорирани линкови

Маркетинг