Таа е првата индиска славна личност која двапати се појавила во емисија кај Опра Винфри, а со убавината и на почетокот од шестата деценија го маѓепсува светот.
Индиската актерка и манекенка Ајшварија Рај веќе две децении е редовен гостин на Филмскиот фестивал во Кан. Овојпат таа кога се појавила таму носела посебен и ефектен стајлинг, но тој не успеал да дојде до израз поради нејзината фасцинантна убавина и сексапил.
Таа е родена во Мангалор. Се школувала во Сантакруз (Бомбај). Подоцна се запишала на колеџ, а по една година се префрлила на друг колеџ. Била прекрасна студентка и сакала да стане архитект, но разните околности ја спречиле во тоа.
На изборот за Мис Индија во 1994 година била на второ место, за многумина неправедно. Но, истата година била прогласена за Мис на светот и Мис фотогеничност. После тоа била една од најбараните манекенки во светот.
Својата филмска кариера ја започнала со остварување на тамилиски јазик во 1997 година. Истата година играла во филмот „Aur Pyaar Ho Gaya“ со којшто не остварила голем успех. Сепак, со третиот филм којшто се нарекувал „Jeans“ добила позитивни критики и ја освоила наградата „Filmfer“ за најдобра актерка.
После тоа се појавила во многу боливудски филмови. Ајшварија станува позната на западот како актерка, што подоцна ѝ ги отворило вратите кон неколку холивудски филмови, но и ѝ обезбедило позиција на редовен гостин на најпрестижниот настан во Кан, а во 2004 година била и член на жирито.
Во октомври 2004 година ја добила својата восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Лондон.
Интересен љубовен живот
Ајшварија во 1999 година почнала да се забавува со боливудскиот актер Салман Кан, а за нивната врска медиумите непрекинато пишувале.
Тие биле под будното око на папараците, сите им предвидувале брак, но следел крај на љубовта во 2002 година.
Имено, мисицата го обвинила партнерот за физичко, вербално и емотивно злоставување, неверство и понижување.
Потоа таа имала романтична врска со актерот Вивек Оберој која завршила во 2005 година.
Конечно во брачните води запловила со сопругот Абхишек Бачан во 2010 година. Актерот се заљубил во прекрасната Индијка додека го снимал филмот „Dhoom 2“.
Нивната веридба била направена на 14 јануари 2007 година, а после три месеци се венчале со традиционални хиндуистички обреди.
Парот во 2011 година добил и ќеркичка.