[ВИДЕО] Додека српската претставничка настапуваше на Евровизија во публиката се случило нешто кое многумина расплакало – видеото стана вирално

Точка

13/05/2024

15:29

9.583

Големина на фонт

а а а

Едно момче ја запросило својата избраничка додека Теа Дорја во финалето на Евровизија ја изведувала нумерата „Рамонда“ со која ја претставуваше Србија на овој престижен музички натпревар.

Засега не е познато од каде е овој пар ниту поради што момчето за овој важен чин ја избрало баш извонредната српска претставничка. Овој момент на Инстаграм го споделила и Теа која им честитала на идните младенци.

Коментарите на разнежетите корисници под видеото на ТикТок само се нижеле, а во видеото се слушаат и коментари од присутните во публиката, како: „О, Боже, дали тој штотуку ја запроси?“, а некој овој чин ги разнежил до солзи.


Да ве потсетиме, Теа Дорја во финалето на Евровизија настапуваше под реден број 16, а во збирот на крај заврши на 17 место.

Победник на Евровизија 2024 година е Немо од Швајцарија којшто се изјаснува како небинарна личност, а евровизискиот трофеј го однесе благодарение на тоа што жирито му беше наклонето.


После гласовите од публиката апсолутен фаворит беше Бејби Лазања од Хрватска кому сепак тие не му беа доволни за да победи.

Кој беше вашиот фаворит?




Спонзорирани линкови

Маркетинг