Само овој човек знае каде е телото на Данка Илиќ! Уапсен неколку дена по нејзината смрт, од почетокот е главен осомничен за криење на телото: „Најитар е“

Точка

09/05/2024

23:02

5.539

Големина на фонт

а а а

Каде е телото на Данка Илиќ? Ова прашање се поставува веќе месец и пол откако беше откриено дека 2-годишното девојче е убиено, но до денес одговор нема. Како што дознава српски „Blic“, постои сомнеж дека само едно лице знае каде е телото на девојчето и тоа е Раде Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ, кој признал дека ја убил Данка.

Како што дознава „Blic“, постои сомнеж дека тајната за убиената Данка Илиќ и нејзиното тело, односно каде е скриено, ја знае само Раде Драгијевиќ, кој се наоѓа во притвор.

„Тој покажува највисок степен на интелигенција и лукавост. Набрзо откако беше уапсен го промени адвокатот и делува дека мисли само на својата одбрана. Поради тоа постои сомнеж дека токму тој е клучен за пронаоѓањето на телото на девојчето“, вели извор на „Blic“.


Нова мистерија во случајот со убиството на Данка Илиќ

„Обвинителството, исто така, наложило вештачење на ГПС уредите од официјалното возило на ЈКП Водовод, за да се утврди трасата на движење на наведеното возило“, велат од ВЈТ Заечар.

Досега се испрашани 17 сведоци.

Како што пренесува „Informer“, Вишото јавно обвинителство во Заечар ја потврдило информацијата, која се појавила во некои медиуми, дека новото ДНК вештачење кое дошло до обвинителството не покажува дека постојат биолошки траги од убиеното девојче Данка Илиќ од Бор.


Станува збор за ДНК вештачење на повеќе од 400, од вкупно 500 трагови, земени од возилото на ЈКП Водовод, кое, како што се верува, го користеле осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ при злосторството.

„Во досегашните пристигнати резултати од вештачењето, нема биолошки поклопувања со ДНК на девојчето. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека ова е само дел од вештачењето, бидејќи се вештачат многу предмети. Сега пристигнале само првите неколку извештаи. Ние очекуваме да пристигнат и останатите“, потврдил обвинителот Миодраг Цановиќ за „Informer“.

Освен овој сет материјални трагови, на Биолошкиот факултет во Белград во тек е вештачење на биолошки траги од алат од куќата на осомничените и други предмети, пронајдени на теренот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг