Поради строгите мерки за штедење во Аргентина, индустриското производство нагло падна

Макфакс

09/05/2024

14:12

695

Големина на фонт

а а а

Индустриското производство во Аргентина драстично падна во март, покажаа податоците на заводот за статистика INDEC, што ги одразува последиците од строгите мерки за штедење што ги спроведе новата влада на претседателот Хавиер Мајли.

Во март производството паднало за 21,2 отсто во однос на истиот период лани.

Производството на мебел потона за повеќе од 40 отсто, на електроника и алати за речиси 43 отсто, а на метални производи и машини за речиси 33 отсто. Производството на неметални минерали и основни метали е намалено за околу 35 отсто, а на автомобили и транспортни средства за 25 отсто, покажуваат податоците на INDEC.

На месечно ниво, производството се намали за 6,3 отсто, најсилно од мај во пандемијата 2020 година, кога потона за 26,2 отсто. Во првите три месеци од годинава падна за речиси 15 отсто на годишно ниво, објави заводот за статистика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг