Бројките не лажат: Ова е најлошиот Јунајтед во историјата на Премиер лигата

Дерби

07/05/2024

12:52

1.024

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед доживеа вистински срам на гостувањето на „Селхрст парк“ и беше понижен со резутлат 4:0, пораз кој на најдобар можен начин ја пресликува најлошата сезона во историјата на клубот како е дел од Премиер лигата.

Дебаклот кај „орлите“ предизвика огромен бес и кај онака разочараните навивачите на клубот од „Олд Трафорд“, па иако Ерик Тен Хаг продолжува да тврди дека тимот е на прав пат со него, мора да се признае дека веќе никој не е заинтересиран за неговите изјави.

Цела англиска јавност е убедена дека Холанѓанецот ги брои последните денови како менаџер на англискиот великан, а од него ќе си замине како еден од најлошите тренери во историјата на клубот.

Бројките не лажат и покажуваат дека овој Јунајтед е најлошиот во историјата на Премиер лигата, бидејќи овој тим никогаш претходно не претрпел 13 порази во една натпреварувачка сезона.

Вчерашниот од Кристал Палас беше „несреќен 13-ти“, но ова е само еден од низата факти кои велат дека тимот на Тен Хаг едноставно не знае да фати крај.

Јунајтед оствари само една победа на последните седум меча во Премиер лигата, а имаа и негативна гол разлика, односно 52 дадени, а дури 55 примени гола во Прермиер лигата. Гледајќи ги сите натпреварувања, Јунајтед прими 81 гол досега, што е најлош скор на еден тим на Јунајтед од сезоната 1976/77.



Спонзорирани линкови

Маркетинг